Јан Квиатковски

Јан Квиатковски има 30 години искуство во широк спектар области поврзани со водните ресурси. Работел во водечки организации во оваа сфера, меѓу кои Светска банка, DHI, Nalco, Kemira, каде што извршувал различни улоги опфаќајќи управување со програми, советодавни услуги во областа на животна средина, развој на бизниси, консултации од аспект на продажба и администрација. Неговите клучни области на експертиза вклучуваат управување со речни сливови, управување со поплави, процена на влијанието врз животната средина, водна хемија и загадување, третман на отпадни води и оптимизација на индустриски процеси.

Давал советодавна поддршка на клучните национални водостопански институции во Полска и Бугарија, соработувал со големи индустриски клиенти и водостопански оператори во големи градови. Во последните 10 години бил активно вклучен во изработката на Планови за управување со ризик од поплави и Планови за управување со речни сливови во Полска и Бугарија, координирајќи и водејќи мултидисциплинарни тимови на експерти. Во последните неколку години, тој придонесе во изработката на извештајот на Полската државна ревизорска институција за еколошката катастрофа на реката Одра во 2022 година и беше координатор на проектот на ЕУ HORIZON со наслов: „Physically-Based Integrated Soil Health Simulation Platform“.

Моментално е дел од тимот на Skat Consulting како тим лидер на Програмата за управување, користење и заштита на подземни води и е постојано базиран во Скопје. Страсен љубител на тенисот – и како гледач и како играч – но и на велосипедизмот, кој го смета за одржлив, практичен, пријатен и здрав начин на превоз. Меломан со слабост кон визуелните уметности.

Email: jan.kwiatkowski@skat.ch