За водата
77% од водата за пиење во Северна Македонија се обезбедува од подземни води
Повеќе од половина од водата за пиење во земјава се губи пред да стигне до крајниот корисник. Од тоа како ја трошиме водата денес зависи колку ќе ја имаме во иднина!
Подземната вода не е неограничен ресурс! Треба да ја заштитиме и да ја користиме штедливо за да ја имаме и ние и генерациите по нас.
За само 20-тина години, една од пет земји во светот ќе има проблеми со пристап до вода. Важно е да ја користиме водата рационално и да се грижиме за нејзината заштита денес за да ја имаме и во иднина.
Благодарение на подземните води:
🚰 Имаме вода за пиење во домот
🌽 Се одгледува храната на нивите
💧 Се полнат реките
🌳 Се одржува животот во природата
Здрави заедници, силна економија, климатска отпорност и животот на нашата планета – сè зависи од водата. Таа не е само природен ресурс, туку основа за нашиот опстанок!
Доколку подземните води се загадат или исцрпат, потребни се децении или дури и векови за да се обноват. Важно е да се грижиме за нив и да не дозволиме да ги изгубиме.