Партнери во програмата
Програмата за управување, користење и заштита на води има сеопфатен и мултисекторски пристап во адресирање на предизвикот за изградба на долгорочен и одржлив систем за управување со подземните и површинските води во Северна Македонија.
Имајќи го ова предвид, во имплементацијата на предвидените активности се вклучени голем број партнери и засегнати страни. Програмата е финансирана од Владата на Швајцарија, која преку Швајцарската амбасада има активна улога и во следење на спроведувањето на програмските активности.
Носечки национални партнери се:
- Министерство за животна средина и просторно планирање
- Министерство за земјоделство, шумарство и водостпанство
- Управа за хидрометеоролошки работи
Дополнително, во различни активности во Програмата се вклучени:
- Министерство за финансии
- Министерство за образование и наука
- Геолошки завод
- АДКОМ (Здружение на даватели на комунални услуги)
- Jавни комунални претпријатијa
- Oпштини
Со оглед на тоа што една од целите на Програмата е и подигнување на свеста за важноста од одговорно и ефикасно управување со водите, како чинители ќе бидат вклучени и земјоделците, граѓанскиот сектор, стопанството, академската заедница.
Со ангажман на сите релевантни чинители, Програмата се стреми да создаде широка вклученост, поделена одговорност и долготраен ефект во управувањето со водните ресурси.