Резултат 1: Унапредени вештини и знаења
Клучната цел во рамки на Резултат 1 на Програмата за управување, користење и заштита на води е да им се овозможи на клучните институции и други засегнати страни во државата да имаат пристап до напредни вештини и знаења во областа на интегрирано и одржливо управување со подземните и површинските водни ресурси.
За остварување на оваа цел, активно се работи на повеќе сегменти со сите општествени чинители кои придонесувааат во оваа сфера, вклучувајќи ги јавниот и приватниот сектор, како и граѓанското општество. Главните интервенции го опфаќаат следното:
- континуиран развој на вештините на централните институции за ефективно планирање на управувањето со водите,
- зајакнување на капацитетот на граѓанските организации за одржливо управување со површинските и подземните води,
- развој на поквалитетна понуда за образование и обука и развивање механизми за студентски стипендии, пракса и вработување.
Спроведените активности треба да придонесат да се креира заокружен процес на интегрирано управување со води на сите институционални нивоа и во сите фази, вклучувајќи ги регулативата, истражувањето, собирањето и управувањето со податоци, планирањето, издавањето дозволи, инспекциите, спроведувањето и следењето на мерките. Крајниот ефект е посилни институции и актери од приватниот и граѓанскиот сектор, со зголемени капацитети за управување со површинските и подземните води во Република Северна Македонија.