Нашата мисија

Подземните води имаат огромно стратешко значење во Северна Македонија, со оглед на тоа што се извор за 77% од снабдувањето со вода за пиење во државата и претставуваат поддршка за земјоделството. Сепак, нивната важност не е препознаена и тие не се соодветно управувани и заштитени. Надлежните институции немаат доволно капацитет, постои недостиг од основни информации, знаење и алатки за заштита, планирање и следење на водните ресурси, а правната рамка е нецелосна. Дополнително, ниската свест за состојбата со подземните води придонесува за недоволен јавен притисок и ниска мобилизација на јавноста и граѓанското општество за артикулирање на темите за управувањето со водите.

Програмата за управување, користење и заштита на води е креирана од Швајцарија со цел да се поддржи изградбата на долгорочни капацитети за управување со подземните и површинските води на национално и на локално ниво. На тој начин ќе се овозможи Северна Македонија да преземе соодветни и ефикасни мерки за одржливо управување со своите водни ресурси, со што ќе се поттикне социјален и економски развој и ќе се спречи неповратна деградација на водните системи.

Главни цели на програмата

Програмата има широк и интегриран пристап во управувањето со водните ресурси. Во нашиот фокус, покрај подземните води, се и површинските води како езерата и реките. Главните цели на Програмата за води се:

Првата фаза од Програмата е дизајнирана за да постави темели за долгорочна трансформација на начинот и принципите според кои се управува со површинските и подземните води во државата. Подготовката на План за управување со сливот на реката Вардар, кој опфаќа околу 80% од вкупните водни тела (68 од 80 општини со околу 86% од населението) во земјата, ќе се користи како главна алатка за развој на капацитетите на националните и локалните институции, како и за подигнување на јавната свест за оваа исклучителна важна тема.

Програмата за управување, користење и заштита на води е во сопственост на Владата на Швајцарија, под покровителство на Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и се спроведува од страна на Skat Consulting Ltd. (Швајцарија) во конзорциум со PointPro Consulting (Северна Македонија).

Следете нè, информирајте се и придонесете во заштитата на водите. Затоа што е важно!