Нашиот тим

Програмата за управување, користење и заштита на подземните води (GWP), финансирана од Швајцарија, има цел да ја поддржи Северна Македонија во воспоставување одржливо, долгорочно и систематско управување со подземните води, кое овозможува заедничко, ефикасно и потранспарентно користење на овие водни ресурси.

Конзорциумот составен од Skat Consulting и PointPro Consulting е ангажиран од Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија за спроведување на Првата фаза на GWP, во периодот од јануари 2024 до декември 2027 година.

Еве го тимот кој ќе работи на овие аспекти.