Зерина Рамиќевиќ

Зерина Рамиќевиќ е менаџер за финансии и администрација во Програмата за управување, користење и заштита на подземни води како дел од тимот на „Скат Консалтинг“ подружница Скопје. Во оваа улога, таа се грижи за непречено и ефикасно функционирање на финансиските и административните операции на Програмата. Нејзините основни одговорности опфаќаат буџетирање, обработка на плаќања, контрола на финансии, управување со набавки и договори, следење на ревизорски препораки, евиденција на опрема, управување со грантови и служи како focal point за сите финансиски и административни прашања.

Со диплома по сметководство и ревизија од Економскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и повеќегодишно искуство во развојниот сектор – вклучувајќи ја и нејзината работа во Програмата за развој на Обединетите нации – Зерина носи прецизен пристап ориентиран кон решенија за секој предизвик. Нејзиниот професионален пат вклучува поддршка на големи проекти за вработување и развој на заедници, координација меѓу повеќе чинители, како и управување со комплексни системи за известување и мониторинг.

Надвор од работните обврски, Зерина од неодамна е посветена на вежбањето. Покрај тоа ужива и во планинарење и престој во природа или во моменти кога го фаќа зајдисонцето со фотоапарат во рака. Постојано е во тек и со културната сцена, секогаш расположена за балетска претстава или акустичен концерт. Меѓу колегите и пријателите е позната како мајстор за роденденски изненадувања – секогаш со најкреативни и искрени подароци.

Email: zerina.ramikevik@int.skat.ch