Резултат 3: Слив на река Вардар

Примарна цел на Резултат 3 од Програмата за управување, користење и заштита на води е да се создадат сеопфатни услови за подобро планирање и управување со водните ресурси во сливот на реката Вардар.

Клучниот чекор за остварување на оваа цел е да се развие План за управување со речниот слив на Вардар што ќе придонесе за ефикасно искористување на водата и заштита од поплави и суши. Планот ќе вклучува проценки на притисоците, ризиците и влијанијата на водните ресурси и мерки за ублажување и адаптација на климатските промени. Процесот ќе вклучи консултации со сите засегнати страни за да се сумираат клучните прашања за управувањето со водните ресурси во сливот кој содржи 80% од водните тела во државата.

Дополнително, во рамки на овој Резултат, ќе се развие и Систем за мониторинг на површинските и подземните водни ресурси во сливот на Вардар. Исто така, преку Програмата ќе се поддржат пилот проекти од страна на земјоделци, општини, јавни комунални претпријатија и субјекти од приватниот сектор, насочени кон добро управување со водите во локалните заедници.