Блажо Ковачевски е дипломиран машински инженер од насоката Енергетика и екологија при Машинскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговите професионални интереси и активности се насочени кон обновливите извори на енергија, одржливи решенија и чисти технологии.
Во моментов работи во областа на управување со подземни води во Северна Македонија. Како дел од тимот на „Skat Consulting“, активно учествува во процесите за издавање и мониторинг на водни дозволи, во одржувањето и унапредувањето на националните бази на податоци за води (WIS и GWDMS), како и во подготовката на стручни извештаи и спроведувањето на мерки за управување со водните ресурси.
Покрај своите професионални ангажмани, Блажо е посветен на младинскиот ангажман и еколошкиот активизам. Како член на организацијата „Go Green“, учествувал во повеќе климатски проекти — како проектен асистент на „Climate Action Starts With You(th)“ и како проектен менаџер на „KlimArt“, при што раководел со истражувања и продукција на подкаст за теми поврзани со климата, енергијата и одржливиот развој.
Неговата дипломска работа, на тема „Моделирање на фотоволтаични системи во System Advisor Model“, е фокусирана на примена на напредни модели за оценка на соларните енергетски системи. Има завршено стручна пракса во „Kostal Macedonia“, каде што работел на оптимизација на производните процеси, анализа на отпад и примена на методологијата 5S за континуирано подобрување во производството на OBC (On-Board Charger).
Во слободното време, Блажо е активен спортист – редовно вежба во теретана, игра кошарка и се занимава со планинарење. Тој е поранешен фудбалски тренер на голмани, страстен љубител на филмови и аниме, и човек кој постојано се стреми кон нови знаења, особено во областа на чистите енергетски технологии, психологијата и личната финансиска независност.