Билјана Пулевска Јанушевска, проф. д-р

Билјана Пулеска Јанушевска е искусен правен експерт, која го води Исходот 2 – Развој на правни и регулаторни рамки за интегрирано управување со водните ресурси во рамките на Програмата за управување, користење и заштита на подземни води (GWP) во Северна Македонија. Во оваа улога, таа го води развојот на поефикасни, праведни и усогласени со ЕУ јавни политики и законодавство, обезбедувајќи не само согласност со стандардите на ЕУ, туку и практично применливи во пракса. Нејзината работа ги поврзува законодавството и институционалниот капацитет, креирајќи алатки и процеси кои овозможуваат на институциите и засегнатите страни одржливо управување со водите.

Со повеќе од две децении искуство, таа работи на усогласување на национално законодавство со ЕУ директивите од областа на водите, изработува законски решенија, спроведува оценки и поддржува процеси на донесување одлуки низ Балканот. Таа придонела кон бројни меѓународни и национални проекти фокусирани на управување со водните ресурси, отпорност кон климатски промени, управување со ризик од поплави и прекугранична соработка за интегрирано управување со водни ресурси, обезбедувајќи правните рамки да се претворат во конкретни општествени резултати.

Во срцето на нејзината кариера е посветеноста да го претвори правното знаење во мерливи резултати, правејќи го управувањето со водите поефикасно, инклузивно и подготвено за иднината. Инаку оригинерно професор во областа на меѓународно право, нејзиното академско искуство и истражувања се фокусирани на меѓународното право и неговиот однос со режимот на природните ресурси, одразувајќи ја нејзината верба дека правото е моќен инструмент за создавање конкретно влијание.

E-mail: biljana.puleska@pointpro.com.mk