Јавен повик: Консултантски услуги за развој на магистерски и докторски студиски програми за управување со водни ресурси

Програмата за управување, користење и заштита на води бара искусен меѓународен експерт за развој на нови магистерски и докторски студиски програми за управување со водни ресурси.

Во координација со тимот на Програмата за води, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) – Градежен факултет Скопје и Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Факултет за природни и технички науки, ангажираниот експерт ќе има обврска да обезбеди поддршка на целокупниот процес на дизајн и акредитација на новите докторски и магистерски студиски програми за управување со водни ресурси.

Ангажманот е структуриран во три меѓусебно поврзани задачи, а секоја од нив придонесува за успешен развој и институционализација на програмите во рамки на националниот систем на високо образование. Задачите се состојат од подготвка на Извештај за проценка на потребите и за стратешко планирање, координација на клучните елементи за дизајн на наставните програми и развој на сеопфатни наставни програми.

Јавниот повик, со сите детали и упатство за аплицирање, е достапен тука.

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 16 февруари 2026 година.

За повеќе информации, обратете се на northmacedonia@skat.ch

Сподели го овој пост