Чувари на водите: Билјана Петровска Митревска

Недостигот на вода е сериозен предизвик за македонското земјоделство. Голем дел од системите за наводнување се застарени и во многу лоша состојба што доведува до значителни загуби на вода. Долгите сушни периоди прават дополнителен притисок врз ограничените водни ресурси. Неопходни се инвестиции во системите за наводнување и рационално користење на водите.

На оваа тема е посветено второто видео од серијалот „Чувари на водите“, во кое говори Билјана Петровска Митревска од Националната федерација на фармери.

Сподели го овој пост