Земјоделското земјиште опфаќа околу 39% од површината во сливот на реката Вардар. Токму затоа земјоделците имаат клучна улога за заштита на нашите води.
Главните предизвици во овој сегмент се одговорна употреба на ѓубрива и пестициди и воведување нови технологии за рационално користење на водните ресурси.
Погледнете го првото видео од серијалот „Чувари на водите“, во кое на оваа тема говори претседателот на Националната федерација на фармери, Стеванче Јорданоски.


