Отворен повик за ангажирање млад професионалец за води во рамки на Програмата за води

Програмата за управување, користење и заштита на води објави повик за ангажирање млад професионалец за води кој ќе ја поддржи работата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во Северна Македонија.

Оваа позиција е дел од тековните напори за унапредување на управувањето со подземни води и квалитетот на води, во согласност со еколошките стандарди на Европската Унија и националното законодавство. Избраниот кандидат ќе соработува со експерти од Програмата за води, УХМР и други партнерски институции на активности поврзани со мониторинг на квалитетот на води, управување со податоци и известување во областа на животната средина.

Повикот е отворен исклучиво за лица кои имаат државјанство на Република Северна Македонија.

Клучни одговорности

Младиот професионалец за води ќе го поддржи Секторот за квалитет на води во УХМР преку различни технички и координативни задачи, вклучително:

  • Поддршка при унапредување и спроведување на националните програми за мониторинг на квалитетот на води;
  • Поддршка на теренска работа, пилот активности за мониторинг и проценка на квалитетот на води;
  • Помош при собирање податоци, одржување бази на податоци и изготвување извештаи;
  • Поддршка во организација на обуки и активности за јакнење на капацитетите;
  • Учество во работни групи и координативни активности со национални и меѓународни експерти;
  • Придонес кон спроведување на активностите на Програмата за управување, користење и заштита на води.

Потребни квалификации

Кандидатите треба да имаат завршено високо образование од областа на хемија, биологија, биохемија, управување со води, инженерство за животна средина или сродна област. Потребни се одлични комуникациски вештини на македонски и англиски јазик, како и солидно познавање на работа со компјутери.

Предност ќе имаат кандидатите со претходно искуство поврзано со мониторинг на квалитет на води, лабораториски анализи, управување со податоци или законодавство од областа на животната средина.

Јавниот повик, со сите детали и упатство за аплицирање, е достапен тука.

Заинтересираните кандидати треба да го достават своето CV на англиски јазик на: northmacedonia@skat.ch

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 12 јуни 2026 година.

За повеќе информации, обратете се на northmacedonia@skat.ch

Сподели го овој пост