Јавен повик: Набавка на IT опрема за ГИС Информациски систем за води

Швајцарската Програмата за управување, користење и заштита на води ги повикува сите заинтересирани компании да се пријават на Јавниот повик за набавка на ИТ опрема за ГИС Информациски систем за води.

Програмата за управување, користење и заштита на води го поддржува процесот на изработка на првиот План за управување со сливот на реката Вардар. Како дел од овој процес, предвидено е развивање на Информациски систем за води, како централна интегрирана платформа што ќе овозможи сеопфатно собирање, управување, анализа и споделување на податоци во рамки на сите придружнои проекти поврзани со речниот слив.

Програмата започна постапка за избор на квалификувана компанија за имплементација на првата фаза од Патоказот за развој на Информациски систем за води, која вклучува воспоставување на овој систем како официјална платформа за презентација, дисеминација на информации и учество на јавноста во процесот на изработка на Планот за управување со сливот на реката Вардар. Покрај софтверското решение потребно за воспоставување на платформата, неопходно е и проширување на хардверските капацитети за хостирање на идниот систем.

Барањето за доставување понуди со сите детали и упатството за аплицирање се достапни тука.

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 11 август 2026 година.

За повеќе информации, обратете се на northmacedonia@skat.ch

Сподели го овој пост