Програмата за управување, користење и заштита на води објавува повик за ангажман на професионална и искусна компанија која ќе ги спроведе сите неопходни активности за проширување на мрежата за мониторинг на подземни води во сливот на реката Вардар, преку инсталација на дополнителни 14 пиезометри.
Оваа активност ќе се реализира преку директна соработка со Управата за хидрометеоролошки работи – Сектор за хидрологија, која управува со националната мрежа за мониторинг на подземни води.
Обврските и одговорностите на избраната компанија ќе вклучуваат:
- анализа на листата предложени локации за мониторинг во сливот на реката Вардар
- подготовка на инвентарен извештај за тековната состојба на мрежата за мониторинг на подземни води
- спроведување на сите неопходни подготвителни активности за инсталација на опремата за мониторинг на подземни води
- обезбедување на потребната механизација и опрема, како и чистење на сите избрани постоечки бушотини, со цел подготовка за инсталација на пиезометрите
Јавниот повик, со сите детали и упатство за аплицирање, е достапен тука.
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 23 април 2026 година.
За повеќе информации, обратете се на northmacedonia@skat.ch


