Јавен повик: Услуги за видео продукција и фотографирање за настанот „Денови на Вардар“

Програмата за управување, користење и заштита на подземните води (GWP) во Северна Македонија, финансирана од Владата на Швајцарија, има потреба од креирање три кратки професионални видеа за да ги претстави целите на Програмата, да ги истакне клучните инвестиции во институционални капацитети и да ги претстави своите активности пред јавноста.

Креираните видеа ќе служат за следните цели:

  • Да се информираат засегнатите страни и носителите на одлуки за улогата на Програмата во унапредувањето на управувањето со подземните води.
  • Да го демонстрира влијанието на инвестициите на Програмата, особено во модерна опрема за мониторинг обезбедена за Управата за хидрометеоролошки работи
  • Да ја подигне јавната свест и да се информираат медиумите за важноста на одржливото управување со водите, преку промоција на претстојниот настан „Денови на Вардар“.

За да се реализира ова, Програмата објавува повик за ангажман на компанија која ќе продуцира три кратки професионални видеа, и ќе обезбеди висококвалитетни фотографии.

Јавниот повик е достапен тука.

Крајниот рок за аплицирање е 22 октомври 2025 година.

Сподели го овој пост