Сертифициран Курс за доживотно учење: „ГИС и далечинска детекција за управување со водни ресурси“

Ве покануваме да се пријавите на нашиот сертифициран Курс за доживотно учење „ГИС и далечинска детекција за управување со водни ресурси“, дизајниран како поддршка на континуирани личен и професионален раст и развој, во организација на Програмата за управување, користење и заштита на води во Северна Македонија и Градежниот факултет Скопје. Курсот ќе ви овозможи развивање нови вештини, зајакнување на постоечките компетенции и стекнување значајни и содржински искуства со широки примени.

За курсот:

  • Наслов: ГИС и далечинска детекција за управување со водни ресурси
  • Времетраење: Три месеци (150 часа [75 часа настава+75 часа самостојна работа])
  • Наставен пристап: Комбинација од теоретски предавања, практични компјутерски
    вежби и самостојна практична работа со реални податоци. Учесниците можат да
    користат и свои податоци во рамки на проектните задачи.
  • Почеток на курсот: 11 декември
  • Рок за пријавување: 1 декември
  • Локација: Градежен факултет Скопје

Повеќе информации за курсот и начинот за пријавување се достапни тука.

Сподели го овој пост