Ве покануваме да се пријавите на нашиот сертифициран Курс за доживотно учење „ГИС и далечинска детекција за управување со водни ресурси“, дизајниран како поддршка на континуирани личен и професионален раст и развој, во организација на Програмата за управување, користење и заштита на води во Северна Македонија и Градежниот факултет Скопје. Курсот ќе ви овозможи развивање нови вештини, зајакнување на постоечките компетенции и стекнување значајни и содржински искуства со широки примени.
За курсот:
- Наслов: ГИС и далечинска детекција за управување со водни ресурси
- Времетраење: Три месеци (150 часа [75 часа настава+75 часа самостојна работа])
- Наставен пристап: Комбинација од теоретски предавања, практични компјутерски
вежби и самостојна практична работа со реални податоци. Учесниците можат да
користат и свои податоци во рамки на проектните задачи. - Почеток на курсот: 11 декември
- Рок за пријавување: 1 декември
- Локација: Градежен факултет Скопје
Повеќе информации за курсот и начинот за пријавување се достапни тука.


