Јавен повик: Експерт за изработка на Анализа на состојба за вода и здравје

Програмата за управување, користење и заштита на води бара искусен експерт за изработка на Анализа на состојбата за Република Северна Македонија во рамки на UNECE/WHO Протоколот за вода и здравје.

Задачата  вклучува систематска и целосна проценка на тековната состојба во однос на водатa, санитарните услови, хигиената и здравјето. Ќе опфати систематски преглед на релевантното законодавство, политики, програми и достапни податоци, идентификација на клучни предизвици, недостатоци и приоритетни области, и обезбедување цврста база на докази за поддршка на националното поставување цели и индикатори согласно Протоколот.

Јавниот повик, со сите детали и упатство за аплицирање, е достапен тука.

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 16 февруари 2026 година.

За повеќе информации, обратете се на northmacedonia@skat.ch

Сподели го овој пост