Програмата за управување, користење и заштита на води ги поканува заинтересираните компании да учествуваат на Јавниот повик за спроведување теренска анкета за водни услуги и поврзана економска анализа, во согласност со барањата на Рамковната директива за води (WFD) на ЕУ во Северна Македонија.
Целта на анкетата е да се процени:
- поврзаноста помеѓу наводнувањето и употребата на ѓубрива и средства за заштита на културите, како и потенцијалните притисоци врз квалитетот на површинските и подземните води
- дали услугите за вода се прифатливи за домаќинствата и земјоделците
- колкава е спремноста на домаќинствата за покривање трошоци за подобрено управување со водните ресурси
- какви се перцепциите за квалитетот и достапноста на водата
Анкетата се спроведува во рамки на Швајцарската Програма за води и ќе придонесе за економска анализа на користењето на водите за наводнување, поврзаните земјоделски практики и нивното потенцијално влијание врз квалитетот на водата. Резултатите ќе бидат искористени при подготовката на Планот за управување со сливот на реката Вардар, во согласност со барањата на Рамковната директива за води на ЕУ.
Јавниот повик, со сите детали и упатство за аплицирање, е достапен тука.
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 1 април 2026 година.
За повеќе информации, обратете се на northmacedonia@skat.ch


