Програмата за управување, користење и заштита на води ги поканува заинтересираните компании да учествуваат на Јавниот повик за имплементација на програма за целно следење на квалитетот на водите за воспоставување референтни услови за површинските водни тела во сливот на реката Вардар.
Главна цел на ангажманот е спроведување целно следење на квалитетот на водата, вклучувајќи теренска работа за земање примероци и лабораториски анализи. Системот треба да се развие со фокус на практична имплементација во сливот на реката Вардар и ќе се користи во процесот на развој на план за управување со овој речен слив, во рамки на Програмата за води.
Јавниот повик, со сите детали и упатство за аплицирање, е достапен тука.
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 31 март 2026 година.
За повеќе информации, обратете се на northmacedonia@skat.ch


