Програмата за управување, користење и заштита на води ги поканува заинтересираните компании да учествуваат на Јавниот повик за набавка на опрема за лабораториски анализи.
Со цел поддршка на имплементацијата на почетната програма за надзорен мониторинг, која е предвидено да ја спроведе Управата за хидрометеоролошки работи, и обезбедување дополнителна техничка поддршка за теренски и лабораториски анализи со вклучување на Лабораторијата за макроинвертебрати од Институтот за биологија, потребно е да се набави лабораториска опрема.
Јавниот повик, со сите детали и упатство за аплицирање, е достапен тука.
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 25 март 2026 година.
За повеќе информации, обратете се на northmacedonia@skat.ch


