Видео: Светски ден на водите 2026

Светскиот ден на водите во Скопје обедини повеќе од 100 учесници од институции, академската заедница, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата, креирајќи простор за важни дискусии, инспиративни презентации и конкретни планови за унапредување на управувањето со водите.

Од размена на идеи и градење партнерства, до уметност и емоции, на настанот се потенцираше важноста од заедничко делување за поодржлива иднина на водните ресурси во Северна Македонија.

Овој собир претставуваше и официјален почеток на јавните консултации за управување и заштита на водите од сливот на реката Вардар. Шарлот Кин, светски позната артистка и активистка изведе уметнички перформанс преку кој потсети дека не смееме да заборавиме да ја негуваме и почитуваме водата.

Сподели го овој пост