Програмата за управување, користење и заштита на води ги повикува квалификуваните лаборатории да достават понуда за спроведување анализи на селектирани параметри за квалитет на вода.
Избраниот изведувач е должен да обезбеди сите методи, анализи и стандарди да бидат целосно во согласност со националното законодавство, конкретно со Правилникот за методологијата и параметрите за мерење и мониторинг на квалитетот и квантитетот на сите водни тела, освен за водните тела наменети за консумирање од страна на човекот и зоните за капење.
Обврските и одговорностите на избраната компанија ќе вклучуваат:
- Координација при изборот на мониторинг точки (микролокации) во соработка со тимот на Програмата и експертите задолжени за мониторинг на биолошките елементи
- Спроведување теренски активности, вклучувајќи и земање примероци вода
- Спроведување лабораториски анализи на општи физичко-хемиски параметри, во согласност со Правилникот, како и анализа на тешки метали со примена на BAT методи (ICP-MS или ICP-OES)
Јавниот повик, со сите детали и упатство за аплицирање, е достапен тука.
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 18 мај 2026 година.
За повеќе информации, обратете се на northmacedonia@skat.ch


