Програмата за управување, користење и заштита на води објавува повик за ангажман на професионална и искусна компанија за спроведување геодетско снимање на попречни профили на реки и изработка на ортофото снимки во висока резолуција за секоја локација опфатена со снимањето, со користење UAV фотограметрија.
Опфатот на работата вклучува анализа на листата идентификувани локации на главните реки и нивните попречни профили, спроведување геодетски снимања на попречни профили на реки, како и изработка на ортофото снимки во висока резолуција за секоја локација. Сите активности ќе се реализираат во блиска соработка со УХМР – Оддел за хидрологија.
Јавниот повик, со сите детали и упатство за аплицирање, е достапен тука.
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 22мај 2026 година.
За повеќе информации, обратете се на northmacedonia@skat.ch


