Јавен повик: Развој на ГИС Информациски систем за води и надградба на систем за управување со база на податоци

Програмата за управување, користење и заштита на води ги повикува сите заинтересирани компании да се пријават на Јавниот повик за развој на ГИС Информациски систем за води (WIS) за потребите на процесот на планирање на управувањето со сливот на рееката Вардар и надградба на системот за управување со базата на податоци за подземни води.

Целта на овој ангажман е спроведување на Фаза 1 од патоказот, вклучувајќи и воспоставување Информациски систем за води (WIS) како официјална платформа за презентација, дисеминација на информации и овозможување учество на јавноста во процесот на изработка на Планот за управување со сливот на реката Вардар.

Избраната компанија ќе ја спроведе задачата во соработка со тимот на Програмата за води за дефинирање на деталните функционални барања, како и при развојот и имплементацијата на платформата. Активностите треба да се спроведат во согласност со наодите и препораките од изработената анализа на недостатоци и патоказот, со цел успешно воспоставување и ставање во функција на WIS платформата.

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 16 јуни 2026 година.

За повеќе информации, обратете се на northmacedonia@skat.ch

Сподели го овој пост