Јавен повик: Консултант за проценка на потребите за интеграција на наставни програми за води во високото образование и во стручното образование и обука

Програмата за води бара искусен консултант кој ќе спроведе проценка на потребите за интеграција на наставни програми поврзани со води во високото образование и во стручното образование и обука (СОО).

Консултантот ќе има задача да спроведе сеопфатна проценка на потребите за да ја утврди релевантноста, изводливоста и најсоодветниот модел за воведување на предложениот модул или наставна програма во рамки на високото образование и во системот за стручно образование и обука (СОО).

Јавниот повик, со сите детали и упатство за аплицирање, е достапен тука.

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 24 март 2026 година.

За повеќе информации, обратете се на northmacedonia@skat.ch

Сподели го овој пост